Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер вчера истакна дека новата сезона ќе започне порано од предвиденото. Стандардниот датум е 27. октомври, но оваа сезона ќе стартува десет дена порано, односно на 17. октомври.
Целта на поместувањето на датумот е да има што помалку одморање на играчите во текот на регуларната сезона. Минатата година неколку екипи кои конкурираа за титула во текот на регуларниот дел одмораа доста од своите првотимци и клучни играчи. Кливленд најмногу го правеше тоа, Џејмс, Ирвинг и Лав речиси и да не играа пред почетокот на разигрувањата.
Исто така и ќе се намали бројот на натпревари кои се играат од ден за ден, а со тоа ќе се намали и бројот на повреди. Како што изјави поранешниот комесар, Марк Стејн, за поместувањето на датумот одборот преговарал од декември минатата година.
Со поместувањето на распоредот, Адам Силвер истакна дека и крајниот рок за размена на играчи ќе заврши порано од предвиденото. Осми фебруари е последниот ден од „пазарот“, десет дена пред почетокот на Ол-стар викендот. Во изминатите сезони рокот за размена завршуваше на 23. фебруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА