НБА лигата урна уште еден рекорд

Натпреварот помеѓу Оклахома и Хјустон, со кој започна новата НБА сезона, беше најгледан од 2010 година. Дури 5,61 милиони луѓе беа пред телевизорите за првиот натпревар од новата НБА сезона.

Во 2010 година, поради локаутот, сезоната не започна до Божиќ, со мечот на Мајами за кој дебитираше Леброн Џејмс. Вториот натпревар од првиот ден од НБА лигата исто така имаше голема гледаност. Дуелот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс го гледаа 5,11 милиони гледачи.

На стартот на новата сезона бројките скокнаа за речиси 90 проценти во споредба со минатогодишните натпревари со кои започна сезоната.

Се вчитува...