НБА на нозе: Адетокумбо најави заминување од Милвоки

Грчкиот кошаркарски репрезентативец и член на Милвоки, Јанис Адетокумбо даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во која најави можно заминување од својот тим.

Тој јавно даде до знаење дека Милвоки ќе мора да промени одредени работи во тимот за екипата да биде конкурентна и да ги зголеми шансите во НБА. Доколку тоа не го сторат, ќе замине.

„Не би бил најдобра верзија околу себе ако не би знаел дека сите сме на иста страна. Сите да сакаат да освојат титула, да сакаат да жртвуваат време, семејство како што правам јас. Ако не го почувствувам тоа, нема да потпишам“, изјави Јанис за „Њујорк Тајмс“.

Адетокумбо одбран како 15 пик на драфтот во 2013 година од Милвоки. Во 2021 година ја освои титулата и стана МВП.

Се вчитува...