НБА не е единствен проблем за Евролигата: Кошаркарите на Монако пред штрајк

Во моментите кога Евролигата се соочува со голем притисок од страна на влезот на НБА лигата на европскиот пазар, засега најсилното кошаркарско натпреварување на „стариот континент“ има и дополнителни проблеми од стана на клубовите.

Последен кој влезе во сериозни финансиски проблеми е Монако кој доцни месец и пол со платите на кошаркарите па затоа и тие не ја исклучија можноста за штајк на следниот евролигашки натпревар.

Сопственикот на Монако, Алекси Федоричев ги призна финансиските проблеми па очекувањата се дека тој и наскоро ќе го продаде клубот.

Монако во Евролигата е во серија од пет порази едно по друго.

Се вчитува...