НБА лигата објави дека франшизите Јута Џез и Индијана Пејсерс добија парична казна поради начинот на кој ги формирале своите состави на неодамнешните натпревари и со тоа наштетиле на угледот на првенството.
Јута е казнета со 500 илјади долари за натпреварите против Мајами и Орландо одиграни на 7. и 9. февруари на кои ги повлече своите два најдобри кошаркари Лаури Марканен и Џеред Џексон Џуниор пред почетокот на последната четвртина и воопшто не им дозволи да се вратат во игра и покрај тоа што беа способни за истото.
Индијана пак доби нешто поблага казна од само 100 илјади долари за прекршување на правилото на настап на играчите.
Имено, по детална истрага утврдено е дека ѕвездата на составот, Паскал Сијакам и уште двајца кошаркари биле неправедно исклучени од првиот состав, а можеле да настапат на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

