НБА Ол-стар: Лилард е најдобар „тројкаш“, Кари доби шампионски појас (ВИДЕО)

Кошаркарот на Милвоки, Дамиен Лилард ја одбрани титулата во натпреварувањето во шутирање на тројки на Ол-стар викендот кој оваа година се одржува во Индијанаполис и со тоа направи успех кој последен пат му помина од рака на Џејсон Капано во 2008 година.

Во конкуренција со Малик Бизли, Џејлен Брансон, Лаури Маркенен, Донован Мичел, Тре Јанг, Тајрис Халибуртон и Карл Ентони Таунс замалку не влезе во големото финале, но откако се најде во истото беше подобар од Јанг и Таунс постигнувајќи 26 поени.

А, пак во натпреварувањето на најдобрите шутери на денешницата, Стеф Кари славеше против Сабрина Ионеску, ѕвездата на женската конкуренција на НБА лигата која на минатогодишниот Ол-стар славеше во натпреварувањето во три поени постигнувајќи неверојатни 37 од 40 поени.

За победата Стеф Кари доби „шампионски појас“ како оној кој го добиваат боксерите бидејќи го одбрани епитетот „најдобар шутер на сите времиња“.

Се вчитува...