Трикратниот победник на Ол-стар натпреварите во забивање, Мек Мекланг потпиша со Чикаго Булс, кои го отпуштија само три часа подоцна. Деталите сè уште не се познати, но ова беше втора соработка помеѓу Чикаго и Мекланг.
МекКланг беше во Чикаго и во сезоната 2021/22, кога играше за Винди Булс во развојната лига. Во сезоната 2022/23, тој ја освои наградата за дебитант на годината во Г лигата кога им помогна на Делавер Блу Коутс да ја освојат титулата.
Булс ја отвораат сезоната на 22. октомври со мечот против Детроит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

