НБА сезоната го зема данокот – повреди на две супер-ѕвезди

Кусиот временски период за рехабилитација од претходната сезона, како и напорниот распоред во лигата оваа сезона, остави трага на играчите, а две супер-ѕвезди кус период ќе мораат да отсустуваат од паркетите.  Кевин Дурент се врати на теренот по седумдневна пауза поради ковид-протоколите, а сега ќе мора да ги пропушти следните два натпревара против Сакраменто и Феникс, поради болки во тетивите на колената.

Не е јасно кога Дурент се повредил, но со оглед на тоа што ѕвездата ја пропушти целата претходна сезона поради повреда на Ахиловата тетива, Нетс нема да брзаат со враќање на својот играч.

На вчерашниот дуел помеѓу Лејкерс и Денвер се повреди и Ентони Дејвис, а првичните информации велат дека станува збор за повреда на Ахиловата пета, која и го мачи кошаркарот веќе подолго време. Центарот на тимот од Лос Анџелес треба да ги помине сите медицински прегледи во текот на денот, а колку ќе отсуствуа останува да видиме.

 

Се вчитува...