Американскиот кошаркар со македонски пасош Ти Џеј Шортс престојното лето би можел да го напушти тимот на Париз, и да се пресели во НБА. Според информациите, тој има понуда од Мемфис, каде би сорабутвал со својот поранешен тренер Томас Исало.
Меѓутоа може да се случи Шортс да не замине во НБА, туку да остане во Европа. Причината за такви нешто се подобрите понуди од европските гиганти, отколку онаа од НБА лигата, каде би имал минимален договор.
Во последните неколку недели се шпекулираше со заминување на Шортс во Барселона, која му нуди 2,5 милиони евра по сезона, што би била далеку подобра опција. Во секој случај Шортс најверојатно го одигра своето во Париз, и сега е време за исчекор напред во својата кариера. Дали некој европски гигант или НБА, ќе покаже времето.
Шортс во овосезонското издание во Евролигата беше еден од најдобрите кошаркари. Неговиот тим Париз испадна во 1/4 финалето од Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

