Американската професионална кошаркарска лига (НБА) објави дека Мемфис и Орландо ќе играат два натпревари од регуларната сезона во Европа во јануари 2026 година, во Берлин на 15 јануари и во Лондон на 18 јануари.
Натпреварите ќе се играат во Убер Арената (Берлин) и О2 Арената (Лондон), додека лигата, исто така, објави нови натпревари од регуларната сезона во Манчестер и Париз во 2027 година, како и во Берлин и Париз во 2028 година. Датумите и учесниците на тие натпревари ќе бидат објавени пред почетокот на сезоната 2026/27 и 2027/28.
НБА натпреварот во Берлин ќе биде првиот натпревар од регуларната сезона на лигата во Германија и 14-тиот вкупно во таа земја од 1984 година. Лондон ќе биде домаќин на својот 10-ти натпревар од регуларната сезона во НБА и 19-тиот вкупно, вклучувајќи ги и пријателските натпревари од 1993 година.
Во 2027 година, Манчестер ќе биде домаќин на својот втор НБА натпревар во историјата, првиот од 2013 година и првиот во регуларната сезона. Во 2027 година, Париз ќе биде домаќин на 16-от натпревар со НБА тимови од 1991 година и шестиот во регуларната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

