Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембиид е казнет од НБА поради непристојни гестови кон навивачите на Бостон за време на натпревар на Божиќ.
Камерунскиот центар ќе мора да плати 75.000 долари за неговото однесување кое предизвика осуда во јавноста.
Сиксерси победија против Селтикс со резултат 118:114 во тензична игра, но Ембиид постојано ги провоцира домашните навивачи во текот на мечот, користејќи гестови кои не се соодветни за професионален спортист.
Ова не е прв инцидент со Ембиид, кој беше суспендиран пред само два месеци поради оттурнување на новинарот Маркус Хејс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА