Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни девет натпревари по кои на победи се радуваа Кливленд, Портланд, Орландо, Њу Орлеанс, Далас, Денвер, Мемфис, Торонто и Лејкерс.
Најубавите потези на вечерта ги отсликаа атрактивни забивања, блокови, но и несекојдневни додавања меѓу кои се најде и Никола Јокиќ.
А, најубавиот потег на вечерта му припадна на Леброн Џејмс кој на 39-годишна возраст имаше брутален „постер“ над Пол Џорџ во дербито на Лос Анџелес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

