Никола Јокиќ и неговиот Денвер се искачија на првата позиција во Западната конференција откако изминатата вечер славеа со 106-117 на гостувањето во Тексас против Сан Антонио.
Најрасположен на средбата одново беше српскиот центар кој со 31 поен, 7 скокови и 5 асистенции го предводеше Денвер до 47 триумф во сезоната. Кај Сан Антонио се истакна Сочан со 19 поени и 6 скокови.
Одлична вечер е и зад Василије Мициќ кој во поразот на Шарлот од Феникс со 96-107 забележа 21 поен. Исто толку на спротивната страна имаше и Букер.
Лос Анџелес Клиперс пак го забележаа третиот пораз во последните пет натпревари откако загубија на гостувањето кај Њу Орлеанс со 112-104. До победа Пеликанс ги предводеше Вилијамсон со 34 поени и 7 скокови, додека со 26 поени и 6 асистенции лидер на гостите од „Ел-еј“ беше Џорџ.
Во останатите натпревари: Детроит – Мајами 95-108, Торонто – Орландо 103-113 и Јута – Атланта 124-122.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

