Кошаркарскиот клуб Партизан по разочарувачката сезона во која не беше освоен ниту еден трофеј направи целосен ремонт на тимот, а и покрај тоа што засега официјализираше само три нови кошаркари, очекувањата се дека „црно-белите“ имаат комплетен состав за следните предизвици кој ќе биде објавен по крајот на Летните олимписки игри.
А, дел од него може да биде и доскорешниот НБА кошаркар, Дуан Вашингтон, откриваат српските медиуми. Станува збор за кошаркар кој ги покрива бековските позиции и за него Партизан ќе биде првата европска дестинација.
Дваесетичетиригодишникот во кариерата настапуваше за Индијана, Феникс и Њујорк, а дел од времето го помина и во филијалите на овие тимови во развојната Џи-лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА