НБА засилување за шампионот на Европа

Фенербахче по историската сезона во која беше освоена тројната круна доминирајќи и на домашната сцена и во Евролигата ги засилува своите редови со американскиот кошаркар Брендон Бостон.

Станува збор за 23-годишен крилен играч со НБА искуство настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс во вкупно 147 натпревари.

Неговиот просек изнесува 7.5 поени, 2.2 скокови и 1.2 асистенции при 41 отстотна реализација од поле со 33 отсто во шутот за три поени.

Последната сезона ја помина во Њу Орлеанс каде се истакна со просек од 10.7 поени, 3.2 скокови и 2.2 асистенции.

Се вчитува...