Дорел Рајт беше доведен во Игокеа како суперзасилување и играч со НБА-искуство, но американскиот кошаркар по само четири одиграни средби за шампионот на БиХ ќе си замине од оваа екипа.
Имено, Рајт имаше договор со Игокеа само на еден месец, а по одличните настапи што ги прикажуваше во АБА-лигата тој лесно си обезбеди трансфер во Евролигата. Германскиот првак Брозе баскет е новиот клуб на Рајт, беше потврдено и од страна на генералниот менаџер на Игокеа, Игор Додик.
„Со гордост можам да објавам дека Дорел Рајт се сели во Брозе баскет. Фала за се што направи за нас и многу среќа“ – напиша Додик на својот твитер-профил.
Овој 31-годишен кошркар имаше одличен просек од 26,8 поени и 4,3 скокови по натпревар во дресот на Игокеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА