НБА ѕвезда ја загуби мајка си поради коронавирусот

Кошаркарот на Минесота тимбервулвс, Карл-Ентони Таунс, доживеа семејна трагедија откако неговата мајка ја загуби битката со коронавирусот. Жаклин Таунс почина како последица на Covid-19.

„Срцето на семејството Таунс е скршено по смртта на Жаклин, како резултат на компликациите од коронавирусот. Џеки, како што нарекуваа во семејството, речиси 40 дена се бореше со оваа болест, но денеска ја загуби битката“, пишува во соопштението објавено од Минесота тимбервулвс.

Во несреќа, сепак и малку среќа. Семејството Таунс изрази благодарност до здравствените работници кои успеале да го спасат таткото на кошаркарот, кој исто така бил заболен од коронавирусот.

„Сакаме да искажеме благодарност до медицинските лица, вистински воини, кои секојдневно се бореа за нашата Џеки и кои успеаја да го спасат нејзиниот сопруг Карл сениор. Молиме за почитување на приватноста во овие моменти“, соопштија од семејството.

Се вчитува...