Поранешниот деветти пик Гордон Хејворд ја заврши професионалната кариера на 34 години, објави тој на социјалните мрежи.
Хејворд помина 14 години во НБА, а беше член на Ол Стар тимот во 2017. Тој остави најдлабока трага во тимот на Јута Џез, а играше и за Бостон Селтикс, Шарлот Хорнетс и Оклахома Сити Тандер.
Тој им се заблагодари на својот агент, на семејството, како и на сите фанови кои го поддржуваа во текот на неговата кариера.
Thank you 🙏🏻 pic.twitter.com/fqbw3WML0n
— Gordon Hayward (@gordonhayward) August 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА