Ндерим Неџипи се повлече од позицијата спортски директор во Шкупи

Ндерим Неџипи се повлече од функцијата спортски директор на македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи.

Тој тоа вечерва го потврди на својот инстаграм профил:

„Би сакал да ве известам дека се повлекувам од функцијата спортски директор на ФК Шкупи. Сакам од срце да им се заблагодарам на целиот клуб, тренерите и играчите за соработката и посветеноста што ја покажаа во овој тежок период. 

Посебна и најголема благодарност им упатувам на Шверцерите, кои секогаш беа тука за тимот со извонредна поддршка. Со почит, Ндерим Неџипи (еден од вас)!“, напиша Неџипи. 

Се вчитува...