На Шкупи сезонава не му оди најдобро. Тимот доживеа големи промени во играчкиот кадар, и како резултат на тоа, сега екипата од Чаир е далеку од титулата. Поразот од Гостивар на домашен терен најдобро ја потврдува моментална ситуација.
Од тука раководството на Шкупи реши да менува во раководните структури. На позицијата спортски директор пристигнува добро познато име – Ндерим Неџипи. Неџипи, кој првите фудбалски чекори ги има направено на Чаир, а потоа играше во Херта, Волфсбург, па повторно во тогашна Слога Југомагнат, па во РАботнички, Лирс, Карабах, Шкендија, Васлуи, Партизани, Фљамуртари, Кораби, се враќа на местото каде што почна со фудбалот.
Тој во минатото ја извршуваше функцијата спортски директор на Балкани од Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА