Ндомбеле е пред потпис со Наполи, доаѓа и врвен голман

Наполи е на добар пат да го засили средниот ред со ангажманот на Тангуј Ндомбеле, по позитивните разговори што Де Лаурентис ги имаше со раководството на Тотенхем.

Ндомбеле требаше да биде суперзасилување за средниот ред на Тотенхем, но не се снајде најдобро во овој клуб, па во јануари беше испратен на позајмица во Лион. Францускиот клуб реши да не го откупи неговиот договор, а бидејќи Конте воопшто не смета на Ндомбеле, „спарси“ прифатија нова позајмица, овојпат во Наполи. Двата клуба ги договорија сите детали од позајмицата и останува само уште да се средат ситници околу личните услови со самиот фудбалер за трансферот да биде комплетиран.

Наполи утре ќе го официјализира и доаѓањето на Џовани Симеоне на позајмица од Верона, а во завршна фаза се и преговорите за доаѓање на нов голман. Тоа ќе биде екс-голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, кој ќе пристигне од таборот на ПСЖ како дел од трансферот со кој Фабијан Руиз ќе се пресели на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...