Фахд Ндзенгуе од АП Брера го засили нападот на Шкендија. Играчот од нападот ќе биде нов „бомбардер“ на тетовските „црвено-црни“, а во интервју за официјалната веб страница на Шкендија, вели дека шампионските амбиции и настапите во Европа беа причината да ја прифати понудата од тетовскиот тим.
Тој вели дека ќе даде се од себе за да му помогне на тимот да ја одбрани титулата, и следното лето одново да има успешна европска одисеја.
„Секогаш е задоволство да се биде дел од голем тим каков што е Шкендија. Среќен сум тука и ќе дадам се од себе да ги исполниме амбициите на екипите. Сакам да играм со добри играчи, и лесно беше да го направам изборот. Настапот на Шкендија во Европа беше бонус, а секако и шампионските амбиции беа доволен мотив да прифатам да играм за овој клуб. Сега во пролетниот дел ќе дадеме се од себе да ја анулираме разликата и да дојдеме до одбрана на трофејот. Не знам колку голови ќе дадам, но ќе се трудам секогаш да дадам што повеќе, а клубот да се најде на врвот на табелата“, изјави Ндзенгуе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

