Баерн Минхен денеска комплетираше нов трансфер, успевајќи да потпише договор со канадскиот бек Ксавиер Ратан-Мејс. Станува збор за 31-годишен кошаркар кој ланската сезона ја мина во Реал Мадрид, но не прикажа игри какви што се очекуваа од него.
Ратан Мејс и не доби преголема минутажа, па имаше скромен просек од 5,3 поени по натпревар во Евролигата, по што летово следеше прекин на соработката со „кралевите“. Баерн беше во потрага по нов поентер откако Карсен Едвардс го напушти тимот, двете страни на крај најдоа заеднички јазик потпишувајќи на една плус една сезона.
Тој ќе го има евролигашкото деби во дресот на Баерн против екс-шампионот на Европа Панатинаикос, меч закажан за 30 септември.
Ратан-Мејс е четвртото засилување на баварскиот гигант летово, откако беа потпишани центрите Гејбриел и Крацер, како и крилниот кошаркар Џустиниан Џесап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

