„Не би го избришал Теодосиќ па и да ми уринираше во резервоарот“

Милош Теодосиќ не ја доби довербата на Светислав Пешиќ и не се најде на краткиот список на српската репрезетнација за престојните натпревари од квалификациите за Светското првенство 2023, а најверојатно и за престојниот Евробаскет во кој Србите влегуваат со највисоки амбиции.

Вестта одекна како бомба во јавноста, а многумина продолжуваат да се прашуваат како во националниот тим нема место за кошаркарот кој важи за еден од најдобрите на својата позиција и кој 15 години ги бранеше боите на Србија.

За целата ситуација интересен „твит“ имаше италијанскиот новинар и уредник на добро познатиот спортски сајт „Спортандо“, Алеснадро Луиџи Маџо кој на социјалната мрежа напиша дека не би го „прецртал“ Тедосиќ и доколку му уринирал во резерварот.

„Еден непосакуван и нестручен твит: Милош Теодосиќ не би го избришал и да сум селектор на „дрим тим“ и тој и да ми уринираше и во резервоарот“, напиша Маџо.

Се вчитува...