Не било до Алиоски – Галатасарај нема пари, странците почнаа да се пакуваат

Езгијан Алиоски пред петнаесетина дена беше блиску до трансфер во Галатасарај, но работите се искомпликуваа буквално во „пет до дванаесет“, па нашиот репрезентативец на крајот потпиша договор со Ал Ахли во Саудиска Арабија.

Тренерот на Галата, Фатих Терим, го обвини Алиоски дека бил алчен и барал превисока плата, но вистината очигледно е сосема поинаква – турскиот гигант се соочува со огромни финансиски проблеми поради кои клучните странски фудбалери ќе мораат да си заминат од Истанбул.

Прв на листата се наоѓа колумбискиот голгетер Радамел Фалкао, а заедно со него ќе си замине и крилниот офанзивец Фегули.

„Лично разговарав со Фалкао и со Фегули. Благодарни сме им за се што сторија за нас, но со овој буџет за плати што го имаме веќе не можеме да ги покриваме нивните примања. Им соопштивме дека најдобро ќе биде да си најдат клуб и да си заминат што поскоро. Ова не е наше незадоволство од нив, туку едноставно неможност да се покријат нивните плати“, изјави претседателот на Галатасарај, Бурак Елмас.

Се вчитува...