Ниту смената на Карло Анчелоти не донесе нешто позитивно, барем од резултатски аспект, кога е Баерн Минхен во прашање.
Баварците во 7. коло не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога на гостувањето против Херта во Берлин играјќи само 2-2. И тоа, откако Баерн прокоцка и предност од 0-2 која ја имаше се до 50 минута.
Гостите поведоа со голот на Хумелс во 10. минута, а Левандовски зголеми на 0-2 во 49. минута.
Но, потоа следеше вистински шок за гостите. Најпрво Дуда во 51. минута намали на 1-2, а Калу во 56. минута ги постави конечните 2-2.
По ова реми, Баерн Минхен со 14 бода остана на третата позиција, заостанувајќи пет бода по седум кола од водечката Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА