Не било до тренерот – Тотенхем загуби во Словенија, неизвесно местото во следната фаза на КЛ

Смената на тренерското место во Тотенхем не донесе и експресно позитивни резултати, а лондонскиот тим ќе стравува за место во следната фаза од Конференциската лига откако денеска загуби од Мура со 2-1.

Домаќините преку Хорват стигнаа до предност уште во 11. минута, а и покрај тоа што гостите останаа со играч помалку во 32. минута поради втор жолт картон на Сесињон, успеаја да изедначат на 1-1 преку Кејн во 72. минута. Англискиот тим беше и на прагот на изборување на бод, но за истите да останат во Словенија се погрижи Мароса кој стрелаше во четврата минута од судиското продолжение.

Со овој пораз Тотенхем падна на третото место на табелата со седум освоени бода, колку што има и Витесе, но Англичаните ќе мораат да слават против лидерот на групата, Рен во последниот натпревар од групната фаза доколку сакаат да се најдат во нокаут-фазата на третото по ранг европско фудбалско натпреварување.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...