Не било така ретко: По Главчев и Бајрам стрелаше во стилот на Стеф Кари (ВИДЕО)

Лудите погодоци во второто коло од Првата кошаркарска лига продолжија и на последниот натпревар на колото помеѓу Феникс 2010 и Вардар во СЦ „Јане Сандански“ каде побрз од звукот на сирената овој пат беше Хусеин Бајрам.

Младиот кошаркар на Вардар на две секунди до крајот на средбата упати обид од логото и погоди на големо воодушевување на малубројната публика во Аеродром.

Како потсетување, ова не е прв ваков обид ова коло. Претходно во „Јасмин“ побрз од сирената од половина терен беше и Горан Главчев.

Се вчитува...