Бомбашкиот напад над автобусот на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд ја потресе фудбалска Европа, а секако најпогодени се самите фудбалери на овој тим. Со оглед дека постои основано сомневање дека се работи за директен терористички напад над „милионерите“, односно обид за убиство како што случајот го води германската полиција, проценето е дека не е безбедно тимот на Борусија Дортмунд да преноќи заедно во хотел. Токму затоа, сите фудбалери ќе преноќат во своите домови, во пресрет на натпреварот со Монако кој е закажан за утре, со почеток во 18.45 часот.
Француските медиуми успеаја да стигнат до Пјер-Емерик Обамејанг, токму во моментите кога влегуваше во неговиот автомобил.
„Се чувствувам добро, но секако дека сум загрижен. Ќе одиме дома, секој ќе преспие во својот дом“, истакна Обамејанг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА