Барселона со сите сили се обидува да го продаде играчот од средниот ред Френки Де Јонг. За услугите на овој фудбалер се интересира Манчестер Јунајтед, кој што е подготвен да даде 65 милиони да го ангажираат. Меѓутоа засега Холанѓанецот одбива да си замине од „Ноу Камп“.
Но, тоа не е чудно со оглед дека има фантастичен договор со Барселона и некогашниот претседател Жозеп Бартомеу. Како што тврди „Спорт“, Де Јонг има договор со кој од сезоната 2022/23 би можел да заработува 50 милиони бруто, односно 25 милиони евра нето.
Оваа обврска кон играчот ја потпишал некогашниот претседател Бартомеу. Договорот е важечки, и токму затоа Холанѓанецот нема намера да ја напушти Барселона. Де Јонг според моменталните договори е најплатен играч со заработка од 16 милиони бруто по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

