Ал Хилал може да здивне: Нејмар паузира само две недели

Фудбалерот на Ал Хилал, Нејмар, поради повреда на мускулот ќе отсуствува од терените најмалку две недели, изјави тренерот на клубот од Ријад, Жорге Жесус.

Нејмар се повреди на вчерашниот натпревар од 4. коло на азиската Лига на шампиони против Естеглал. Тој во игра влезе во 58. минута, но беше заменет во 87. минута поради повреда на мускулот.

„Има болки во мускулот, не знам до кога нема да може да тренира. Ќе паузира најмалку две недели“, рече Жезус.

Се вчитува...