Не е фер, ама шампион пак е Ѓер…Титулата прославена со секси танц (ВИДЕО)

Унгарскиот тим Ѓер ја одбрани европската титула во Лигата на ракометните шампионки, откако втора година по ред славеше над Вардар по продолженија. Во еден неверојатно драматичен меч, избраничките на Мартин Амброс имаа повеќе среќа, концентрација и самодоверба во клучните моменти. А во едно големо финале, тоа веројатно е и најважно.

За вардарки останаа солзите и неминовната разделба која следи, а ракометарките на Ѓер изведоа секси танц во „Ласло Пап“ арената, како дел од славјето…

Се вчитува...