Не е како татко му: Брони Џејмс ќе мора да се докажува во Џи-лигата

Брони Џејмс испиша историја во НБА лигата со настап заедно со неговиот татко, легендарниот Леброн Џејмс како првото татко-син дуо кое настапило заедно на теренот во еден натпревар во најсилното кошаркарско првенство.

Но, набргу по испишаната историја следат не толку добри вести за Брони бидејќи неговата НБА кариера е доведена во прашање. Младиот кошаркар од месец ноември ќе биде префрлен во филијалата на Лос Анџелес Лејкерс, Саут Беј Лејкерс и ќе се натпреварува во развојната „Џи“ лига.

Дваесетгодишникот со добри настапи во развојното првенство ќе има шанса одново да добие минутажа покрај неговиот татко.

Се вчитува...