Не е коронавирус: Позната причината за смртта на Антиќ

Вирусот Ковид-19 не е причина за смртта на Радомир Антиќ, откако беше обелоденето дека трофејниот стратег веќе извесно време водел борба со тешка болест, што на крајот за жал ја загубил.

Весникот „Ел Конфиденсијал“ обелоденува за што станува збор, српскиот стручњак подолго време се мачел со функционирање на панкреасот и на бубрезите, а според првичните информации причина за неговата смрт е панкреатитис. Во моментот на смртта тој лежел на клиниката Рубер во Мадрид, каде лекарите и покрај големата борба сепак не успеале да му го спасат животот.

Знамињата на стадионот на Атлетико Мадрид од синоќа се спуштени на половина копје, во чест на еден од најдобрите тренери во историјата на овој клуб.

Се вчитува...