Кошаркарскиот клуб Партизан од Белград, конечно, пронајде нов тренер. Шпанец ќе биде наследникот на Жељко Обрадовиќ, но тоа нема да биде прославеното име Пабло Ласо, туку Жоан Пенароја.
Се споменуваа имиња како Ласо, Тринкиери, но на крајот не беше постигнат договор со овие тренери. Се чини дека едно познато лице се согласило да дојде во Белград. Тоа е Пенароја, кој ја водеше Барселона до почетокот на ноември, кога беше отпуштен.
Според српските медиуми, договор е постигнат и сега останува само формалниот дел. Пенароја се прослави како тренер на Андора, кој го водеше од 2010 до 2018 година. Го воведе тимот во елитниот ранг, а потоа и во Еврокупот.
Работеше во Манреса, Бургос, Валенсија и Басконија, пред минатата сезона да се пресели во Барселона. Пенарој го предводеше Бургос двапати до титулата во Лигата на шампионите.
Според најавите, Пенароја ќе ја преземе екипата по дербито во Евролигата против Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

