Турнирот во Мајами го означи крајот на сезоната на бетон и претстојниот почеток на натпреварувањето на земјена подлога. Новак Ѓоковиќ влегува во сезоната како број еден со 380 поени предност пред Карлос Алкараз, а сето тоа ветува возбудлива битка која започнува следната недела на Мастерсот во Монте Карло.
Она што на сите им е непознато е кога „кралот на земјата“, Рафаел Надал ќе излезе на теренот. И покрај големиот проблем со повредите кои ги има Рафа, поранешниот британски тенисер, Тим Хенман смета дека не е мудро да се обложуваш против него на земја.
„Очигледно е дека тој е фаворит, само погледнете колку пати го освоил тој турнир. Видовме неколку видеа на кои тренира, удира силно во форхедовите. Тој е многу добар. Погледнете ги само тие услови, како игра таму. Самодовербата што ја има Нема сомнение дека станува сè потешко, но би биле храбри да се обложите против него таму“, вели Хенман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

