Индиецот Сумит Нагал приреди вистинска сензација на Австралија Опен во првото коло елиминирајќи го 27-от светски играч, Александар Бублик (6-4, 6-2 и 7-6) и конечно заработи нешто пари.
Пласманот во второто коло му донесе најмалку 180.000 долари. 26-годишниот тенисер стана познат пред само неколку месеци кога во интервју за домашните медиуми изјави дека на сметката има само 900 евра и не знае како воопшто преживува и игра тенис.
„На сметка имам 900 евра, немам спонзор, Индискиот олимписки комитет ми дава плата колку да можам да играм на некои турнири. Се што имам од тенисот лесно се троши затоа што вложувам во себе. Чувствувам дека немам поддршка од државата иако сум број еден. Единствен сум кој успева да стигне до главната ждрепка на грандслем турнирите, единствен играв на Олимписките игри ама немам помош од никого“ – рече тогаш Нагал.
#WATCH | India’s Sumit Nagal beats No. 31 seed Alexander Bublik 6-4 6-2 7-6(5) at the Australian Open.
(Video: Australian Open) pic.twitter.com/Ffe5rIAOhZ
— ANI (@ANI) January 16, 2024
А, по победата над Бублик беше навистина емотивен…
„Се ова е за мене многу емотивно. Нема сега тука да плачам пред вас иако ми се плаче. Уште не сум свесен што направив. Горд сум на себе што воопшто стигнав до тука, посебно ако знам од каде тргнав. За мене е нешто неверојатно што ќе играм второ коло“ – рече Нагал.
Сумит Нагал во моментов е на 137. место на АТП листата, а во второто коло на Австралија Опен ќе игра против Кинезот Јунченг Шанг (140. место на АТП), што е можност за него и за нова победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

