Не е ни чудо што скоро банкротираа – Меси во 2017 и ја „зема душата“ на Барселона

Лионел Меси со Барселона има договор до крајот на сезоната по што постои голема можност тој да го напушти клубот. Меси уште минатото лето сакаше да замине од Барселона, но тогаш челниците на клубот не дозволија негово заминување. Аргентинецот се уште не донесе одлука за својата иднина и каде ќе игра следната сезона.

Шпанските медиуми објавија дека Меси добил голема сума на пари кога во 2017 година прифати да го продолжи договорот со каталонскиот клуб. Тогаш на Меси му беше исплатена премија од 39 милиони евра, а годишната плата се зголеми на неверојатни 100 милиони евра бруто.

Исто така на крајот на сезонава Барселона е должна на Меси да му исплати уште 39 милиони евра за верност кон клубот, но се договорија таа сума да биде исплатена во следните четири години на рати.

Се вчитува...