Имаше бројни медиуми кои се обидоа трагичната смрт на американскиот новинар Грант Вол на натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија да ја претворат во некаква мистерија и теорија на заговор, но неговата сопруга наведува дека нема ништо спорно во неговата ненадејна смрт.
Грант Вол починал за време на натпреварот, а обдукцијата покажала дека причина за смртта е пукната срцева аневризма.
„Обдукцијата ја изврши во Њујорк лиценциран патолог. Грант почина од бавно развиена руптура на срцева аневризма. Притисокот во градите што го почувствува неколку минути пред смртта можеше да биде првичен симптом“, напиша сопругата на Вол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА