Не е ова НБА: Камински бесен фрлаше, па беше построен од Обрадовиќ (ВИДЕО)

Партизан забележа нов пораз во Евролигата откако загуби на гостувањето во „Оака“ арената во Атина од Панатинаикос со 84-71 во 22. коло во елитното европско кошаркарско натпреварување.

Победникот беше решен во последната четвртина во која „зелените“ стигнаа до двоцифрена предност од која овој пат „црно-белите“ не успеаја да се вратат. Партизан беше блиску до двоцифрена негатива уште во втората четвртина кога резултатот гласвеше 40-31, но тимот предводен од Жељко Обрадовиќ успеа да ја врати неизвесноста до полувремето пред се поради „ниската петорка“ на теренот.

Во неа место немаше за Френк Камински, американскиот центар кој требаше да биде големо засилување за белградскиот тим, но тоа не го покажува со своите настапи. Поранешниот НБА кошаркар блезе во игра во втората четвртина, но го напушти теренот по само една минута по која заработи лична грешка и загубена топка.

Малата минутажа беше проблем за Камински кој бесот го изрази на клупата фрлајќи го пешкирот по што се најде во разговор со тренерот Обрадовиќ. Како изгледаше целата ситуација можете да видите ТУКА.

Камински добива се помала доверба од Обрадовиќ како што мине сезоната, а според српските инсајдери неговите денови во Белград се броени.

Се вчитува...