Поранешниот руски тенсиер Николај Давиденко вели дека премиите на машките и женските тениски турнири не треба да бидат еднакви.
Поранешниот освојувач на завршниот мастерс во сезоната вели дека на гранд-слемите не треба да биде така бидејќи мажите играат во три добиени сета што е многу поисцрпувачки него дамите кои играат во два.
„На турнирите од серијата 250 и 500, како и на 1.000 тоа е можно. Но, не е фер на гранд-слем турнирите. Мажите играат пет сета, жените не. Серена Вилијамс освои титули губејќи десет гема на целиот турнир. Таа би победила со 6-0, 6-1 или 6-2 без воопшто да се испоти. А тенисерите губат десет гема веќе во првиот меч. Мора да се бориме. Се случува да победите во пет сета во првата рунда и тогаш сте уморни. Машките тенисери работат три пати повеќе од тенисерките, особено на гранд-слемовите. Затоа е неправедно што имаат исти награди“, изјави Давиденко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА