Не е прв пат: Борозан среде сезона си замина од Вардар

Вардар играше одлично во првиот дел од сезоната, заслужено се наоѓа на првото место во Супер-лигата, но „црвено-црните“ неочекувано останаа без еден од најважните играчи во тимот откако Вуко Борозан веќе се збогувал со соиграчите и дефинитивно ќе го напушти црвено-црното семејство.

Причините барем засега не се објавуваат во јавноста, но нема дилеми дека Борозан во вториот дел од сезоната нема да му биде на располагање на тренерот Чупиќ. Како опција се споменува дека тој би можел да остане во друг македонски суперлигаш, но многу пореално е Борозан да замине во странство отколку да остане во мак-ракометот во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Само за потсетување, ова не е првпат Борозан да си замине од Вардар среде сезона. Црногорецот реши да ги напушти „црвено-црните“ и во сезоната 2018/19, a „вардарци“ и покрај големите финансиски проблеми приредија сензација и стигнаа до титулата европски шампиони, втора во клупската историја.

Се вчитува...