Не е само Нан: ПАО потпиша нов договор и со Осман

Панатинаикос влегува во топ-форма во пресрет на клучниот дел од сезоната, а сопственикот Јанакопулос денеска објави две одлични вести за приврзаниците на „зелено-белите“ од Атина.

Ако за новиот договор на Кендрик Нан веќе се беше познато и се чекаше само на официјализација, Јанакопулос денеска на својот инстаграм профил потврди дека американскиот поентер и во следните три сезони ќе го носи зелено-белиот дрес. Многу поголемо изненадување е вториот ас – турскиот репрезентативец Џеди Осман кој исто така го продолжува престојот во Атина, и тоа за дополнителни две сезони.

Осман минатото лето реши да си замине од НБА и го избра токму Панатинаикос за следна дестинација. Тој во просек игра по 18 минути во Евролигата, реализирајќи по 7,9 поени и 2,4 скокови, но тренерот Атаман е убеден во квалитетите на својот сонародник.

Јанакопулос не жалеше пари за да му ја исполни и оваа желба на турскиот стратег, па во истата објава за новиот договор на Нан го потврди и останувањето на Осман…

Се вчитува...