Европскиот првак Реал Мадрид на убедлив начин го освои Торино совладувајќи го Јувентус со 0-3 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Блескаше Кристијано Роналдо кој со два гола го украде шоуто, но сите алки во тимот на Зинедин Зидан функционираа беспрекорно.
Перфектен меч одигра и Иско Аларкон. Шпанскиот репрезентативец доби доверба од својот тренер да биде стартер на стадионот „Алијанц“, а му заблагодари на најдобар можен начин.
Статистиката вели дека Иско беше перфектен во реализираните додавања на синоќешниот дуел против Јувентус. Тој комплетираше 54 прецизни додавања на мечот, без ниту една грешка. Покрај тоа, беше асистент на првиот гол што го постигна Кристијано Роналдо во третата минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА