КК Црвена Звезда не е единствениот клуб кој доби парична казна од страна на Евролигата. На белградскиот тим му се приклучија и Олимпијакос и главниот тренер на Барселона, Жоан Пенароја.
За разлика од српскиот клуб кој доби казна во вкупна вредност од 74.500 евра, грчкиот тим помина подобро и од клупската каса ќе одвои само пет илјади евра за „навредувачко навивање на фановите“ на средбата против Барселона во 7. коло одиграна на 31. октомври.
Казна од пет илјади евра сноси и шпанскиот стратег на каталонците поради критики кон судиите за средбата против Црвена Звезда во 4. коло. Пенароја ги прозва судиите поради недосуден прекршок на правилото од осум секунди за што доби техничка грешка, која според подоцна проценка на Евролигата била неправедно досудена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА