Џејми Варди останува верен на Лестер и во следните две години откако денеска официјализираше продолжување на соработката со премиерлигашот. За англискиот репрезентативец како и во минатото, и ова лето беа заинтересирани неколку англиски клубови, но на крајот се одлучи да остане верен на клубот кој му даде најмногу во животот.
Варди е дел од Лестер од 2012 година и оттогаш се наметна како легенда на клубот. Одигра 387 натпревар на кои постигна 164 гола, притоа предводејќи го составот до титулата во Премиерлигата во 2015 година.
🎉 𝐓𝐡𝐞 𝐩𝐚𝐫𝐭𝐲 𝐜𝐨𝐧𝐭𝐢𝐧𝐮𝐞𝐬! 🎉#VardyParty2024 pic.twitter.com/9Wde2WxVlf
— Leicester City (@LCFC) August 20, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

