Не е се до парите: Одбива 20 милиони евра по сезона, ќе игра за десет пати помалку

Откако пред четири сезони го напушти рускиот Зенит и се пресели во редовите на Шангај, бразилецот Хулк е пред враќање во европскиот фудбал. За 34-годишниот напаѓач, парите се во втор план, не сака повеќе да живее во Кина и покрај големата сума на пари која му ја нудат Кинезите.

Договорот на Бразилецот со кинескиот тим истекува во јануари по што станува слободен играч, а веќе има неколку понуди за продолжување на својата кариера. За него се заинтересирани неговите поранешни клубови, Порто и Зенит, Португлаците му нудат милион и пол по сезона, а парите не се проблем ни за рускиот состав.

Доколку не се врати на европско тло, Хулк има богати понуди и од САД, Саудиска Арабија и Бразил, па нема да биде воопшто тешко да го најде својот нов клуб.

Се вчитува...