Фудбалерот на Ливерпул, Флоријан Вирц е на удар од јавноста и критичарите во Англија, откако регистрираше уште еден натпревар без гол или асистенција.
Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер исто така рече дека е време Германецот да остане на клупата некое време додека тимот не го пронајде ритамот и формата од минатата година.
Сепак, постои еден параметар што стои во одбрана на Вирц. Имено, Вирц создал најмногу шанси за своите соиграчи ако се погледнат играчите во Премиер лигата.
Попрецизно, Вирц е израмнет на првото место со 21 создадени шанси за своите соиграчи, исто колку и Џек Грилиш. Брајан Ембеумо е трет со 18, а по него следува Бруно Фернандес со 17.
Сепак, она што сите го гледаат и го паметат е 0-0-8, т.е. без настап во осум натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

