Не е се во парите: Њукасл понуди повеќе, но Шешко е на пат кон Манчестер

Бенџамин Шешко ќе биде нов играч на Манчестер Јунјатед, откако Словенецот со неговиот агент се упатија кон Манчестер за да го комплетираат трансферот на „Олд Трафорд“.

Голгетерот на Лајпциг ја одбри финансиски полошата варијанта, односно Њукасл му понуди поголема плата, меѓутоа желбата беше тој да заигра на „Театарот на соништата“ и ќе му биде исполнета.

Шешко вечерва ќе треба да слета во Манчестер, а потоа да ги комплетира медицинските тестови, по што ќе следува потписот со еден од најголемите клубови во Англија и во светот.

Се вчитува...