Не е се во парите: Трошат повеќе од Реал и од Баерн, а од година во година се полоши

Во последните пет години, екипата на Евертон успеа да потроши повеќе пари од Реал Мадрид и од Баерн, едни од најголемите светски гиганти, а тимот од Ливерпул од година во година е се полош.

Евертон во последните пет години потрошил дури 500 милиони фунти на 44 играчи. Во Премиер-лигата само Манчестер Јунајтед потрошил повеќе пари од Евертон на нови играчи.

Некои од трансферите се 27 милиони фунти за Класен, 35 милиони на Алекс Ивоби и 45 милиони на Гилфи Сигурдсон. Тоа се играчи кои не ги оправдаа очекувањата и најголема енигма.

Ивоби не беше нисту стартер во Арсенал, а „карамелите“ за него потрошија добра сума на пари.

Фахрид Мосхири го превзеде клубот во 2016 година, и веднаш му даде отказ на Роберто Мартинез, а во тимот играа Џон Стонс и Ромелу Лукаку. Минатото лето на клупата стигна Карло Анчелот, а со него и Хамес Родригез кој имаше плата од 250 илјади фунти неделно, што беше најмногу во историјата на Евертон. На крајот тимот ја освои 10. позиција.

Исчекор е направен и минатото лето. Донесен е Рафа Бенитез, но ништо не се менува. Евертон е во долниот дел на табелата, а последното понижување стигна од градскиот и лут ривал Ливерпул со поразот од 1:4.

И тоа не е се, резултатите се далеку од очекуваните, а Евертон гради одличен стадион вреден 500 милиони фунти. Се очекува во сезоната 2024/25 тимот да има најдобар стадион во Премиерлигата. Ќе биде изграден од стакла и од железо, и ќе има капацитет од 52 илјади места.

Се вчитува...